-->

Усогласеност

Групацијата SYNLAB ги имплементираше и ги усвои следните алатки за усогласеност:

  • Кодекс на однесување на ниво на групацијата,
  • Насоки за борба против корупцијата на ниво на групацијата,
  • Организациски модели за секоја поединечна компанија која е дел од SYNLAB групацијата.

Овие алатки беа имплементирани на ниво на Групацијата и беа усвоени - со резолуција на Управниот одбор - од страна на индивидуалните компании што припаѓаат на Групацијата со цел да го подобрат корпоративното управување, како и да укажат на важноста на работењето во согласност со постојното законодавство и етичките и деонтолошките принципи на кои се заснова работењето на Групацијата SYNLAB и компаниите поврзани со неа. Затоа, алатките за усогласеност се насочени кон гарантирање на највисоко ниво на професионализам и транспарентност во водењето на бизнисот и активностите на компаниите од Групацијата SYNLAB.

ПЗУ SYNLAB Скопје, како дел од оваа Групација усвои Кодекс на однесување како и Упатства за борба против корупцијата кои се усогласени со стандардите на Групацијата а воедно и со локалното законодавство, и истите претставуваат референтна точка за сите оние кои ги извршуваат своите активности во име и во интерес на компаниите од Групацијата. Етиката и усогласеноста со прописите во водењето на бизнисот се неопходен услов за успехот на нашата компанија, и истите претставуваат алатка за креирање и промовирање на нашиот имиџ.

Овие документи ги изразуваат заложбите и одговорностите во водењето на деловни и корпоративни активности преземени од целиот персонал што работи во SYNLAB, но покрај ова SYNLAB, исто така, бара сите главни засегнати страни (поврзани компании, главни добавувачи, итн.) да се ​​придржуваат во согласност со општите принципи на Кодексот на однесување и Упатствата за борба против корупцијата, без предрасуди за почитување на верските, културните и социјалните особености.

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.